На програмата денес е натпреварот помеѓу екипите на ЖРК Металург и ЖРК Вардар Јуниор, натпревар кој го добива епитетот на дерби натпревар кој е од големо значење и за двете екипи.
ЖРК Вардар Јуниор на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Металург која оваа сезона во досегашните 4 одиграни натпревари вклучувајќи го и оној натпревар од полуфиналето на Купот на Македонија е поуспешна со 3 победи и само 1 пораз. На првиот натпревар од плејофот помеѓу овие две екипи, ЖРК Металург на домашен терен славеше победа со реџултат 26:25. На овој решавачки натпревар, на екипата на ЖРК Вардар Јуниор и е потребна победа со повеќе од 1 гол разлика за освојување на второто место. Додека пак на ракометарките на Металург доволна им е победа или пак во краен случај нерешен резултат заради подобрата гол разлика, за освојување на второто место во најмала рака.
Натпреварот е закажан за денес со почеток во 16 часот, а ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ (мала сала). За сите љубители на ракометот влезот е слободен.