Селекторот на нашата машка ракометна репрезентација, Ивица Обрван пред стартот на ЕП во Полска со предупредување дека нема простор за опуштање кај било кој состав, па токму заради тоа за нашиот утрешен противник – селекцијата на Франција смета дека е селекција која е моментално во одлична форма, но дека нема предавање.

Обрван: ,, Очекувам да одиграме најквалитетно што можеме против најдобрата светска селекција во моментов. Верувам дека добро ќе им се спротивставиме, тие инсистираат на физички ракомет со многу дуели во двата правци. Можам да кажам дека и кај нас постои желба за добра игра, сигурно нема да се предадеме, треба да бидеме цврсти во одбраната, пред се на Никола Карабатиќ, кој има одлична соработка со пивотот. Франција е добро покриена на сите позиции, но ние со правилен пристап можеме да одиграме квалитетно.“