Во рамки на финалните подготовки пред заминување на машката сениорска ракометна репрезентација на ЕП во Полска, селекторот Ивица Обрван попладнево одржа средба со сите ракометари, на која беа соопштени имињата на 17-те репрезентативци кои на 13 јануари ќе заминат за Краков.

Во Скопје остануваат Никола Костески, Филип Талески и Милорад Кукоски. Во Полска ќе одиме со едно десно крило, додека на позицијата пикер, ќе имаме тројца ракометари.

Репрезентацијата патува утре за Краков, а првиот меч е веќе во петок против репрезентацијата на Франција.

Список на ракометари за Краков:
  1. Борко Ристовски
  2. Даниел Дупјачанец
  3. Гоце Георгиевски
  4. Влатко Митков
  5. Кирил Лазаров
  6. Наумче Мојсовски
  7. Филип Миркуловски
  8. Немања Прибак
  9. Филип Кузмановски
  10. Филип Лазаров
  11. Дејан Манасков
  12. Гоце Ојлески
  13. Стојанче Стоилов
  14. Жарко Пешевски
  15. Никола Маркоски
  16. Велко Маркоски
  17. Ацо Јоновски