Селекторот на Македонската машка сениорска ракометна репрезентација, Ивица Обрван, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за Квалификациите за ЛОИ што ќе се играат во Гданск, Полска во периодот од 8 до 10 април 2016.

Нашата репрезентација се наоѓа во група со Тунис, Чиле и домаќинот Полска, а двете најдобропласирани репрезентации во групата ќе обезбедат учество на Олимписките игри во Рио.

Точниот термин за почеток на подготовките за турнирот во Гданск дополнително ќе биде објавен.

1. Борко Ристовски (Рајн Некар Левен)
2. Даниел Дупјачанец (РК Металург)
3. Никола Митревски (РК Бенфика)
4. Златко Даскаловски (РК Темишвар)
5. Дејан Манасков (РК Вардар)
6. Гоце Ојлески (РК Одорхеи)
7. Гоце Георгиевски (РК Толуз)
8. Маџовски Бојан (РК Металург)
9. Мартин Велковски (РК Металург)
10. Костески Никола (РК Металург)
11. Стојанче Стоилов (РК Вардар)
12. Жарко Пешевски (РК Металург)
13. Никола Маркоски (РК Работнички)
14. Филип Лазаров (РК Вардар)
15. Аце Јоновски (РК Бергишер)
16. Филип Миркуловски (РК Вецлар)
17. Наумче Мојсовски (ЦСМ Букурешт)
18. Горан Кузмановски (РК Одорхеи)
19. Горан Крстевски (РК Металург)
20. Немања Прибак (РК Бешикташ)
21. Кирил Лазаров (РК Барселона)
22. Влатко Митков (РК Кремс)
23. Филип Талески (РК Металург)
24. Филип Кузмановски (РК Металург)
25. Дејан Пецаковски (РК Клуб Африкан)
26. Велко Маркоски (РК ППД Загреб)
27. Дарко Димитриевски (РК Чургои)
28. Милорад Кукоски (РК Металург)