Вечерва македонската репрезентација ќе игра против домаќинот на ЕП, репрезентацијата на Полска. Натпревар во кој се очекува цврста игра во одбрана и голема неизвесност до самиот крај. Селекторот на нашата репрезентација, Ивица Обрван очекува неговите ракометари да ја повторат играта од средбата со Франција и ветува дека ќе го дадат својот максимим и издвојат позитивен резултат.

“Не очекува еден тежок натпревар против домаќинот на првенството, кој по победата над Србија малку го намали притисокот од јавноста и сигурно дека нам сега ќе ни биде за нијанса потешко. Што се однесува до нас, очекувам да ја повториме играта од средбата со Франција и секако дека покрај добрата игра би сакал и да забележиме поповолен резултат и да освоиме бод или два. Она што можам уште сега да го ветам е дека ќе играме со полна сила и со најдобрите играчи што ги имаме на располагање”– изјави селекторот Ивица Обрван.