Македонските ракометни репрезентативци по двете победи над Црна Гора и двете ремија со Словенија, утре напладне, со чартер-лет од Скопје до Краков, ќе заминат во Краков, каде уште вечерта се очекува да го обработат и првиот тренинг.

Селекторот Ивица Обрван истакна дека максимално ќе се посочат кон натпреварите со Франција и Полска, дека нема да чекаат на последниот “решавачки“ натпревар со Србија.

“Ќе се поставиме така што во првите 2 натпревари со Франција и Полска ќе играме максимално, тоа значи дека ќе бараме поволен резултат можеби и победа, но во секој случај добро да изгледаме. Како и да заврши првата или втората средба сеедно, јасно е дека таа со Србија ќе биде решавачка, тоа пак не значи дека ќе калкулираме, но и против Франција и Полска ќе одиме со максимални сили” -вели селекторот Ивица Обрван.

Првиот натпревар Македонија ќе го игра против Франција, веќе во петок од 18:00 часот.
.