Македонскиот селектор Ивица Обрван по ремито со репрезентацијата на Србија, кое ја одведе нашата репрезентација во следната фаза од европскиот шампионат, не го криеше своето расположение. Во изјава после натпреварот изјави дека ваквата игра се должи на преголемиот влог што го имаше овој натпревар, кој резултираше со оној грч кај репрезентациите поради стравот од пораз на оваа средба.

„Не можав да ви опишам каква беше атмосферата кога пристигнавме во салата. Пред мечот се пушташе македонска музика за кревање на атмосферата, тоа беше случај и на претходните средби, но овојпат на лицата на играчите беше очигледно дека нервозата е преголема. Сепак, одговоривме на предизвикот, го реализиравме последниот напад онака како што посакувавме, не дозволивме противникот да направи фаул, Миркуловски фрли идеален пас до Манасков, а радоста кога топката заврши во мрежата беше огромна“ – изјави Ивица Обрван.