Македонската репрезентација очекувано вечерва загуби од репрезентацијата на Данска, со убедливи 31:20 во рамките од последниот натпревар на ова ЕП во Хрватска.
Со овој пораз, нашата репрезентација го заврши Европското првенство на 11-то место, пред репрезентацијата на Србија. Иако имавме повеќе бодови и од Белорусија, правилата на ЕХФ велат дека шестите репрезентации од групите конкурираат за 11-то и 12-то место.
Нашите ракометари одиграа едно добро прво полувреме, по што следуваше голем пад во второто полувреме. Пад кој искусните данци го искористија и убедливо не совладаа со 31:20.
Најефикасни на натпреварот беа Кузмановски со 6, Стоилов и Манасков со по 4 постигнати погодоци. Додека на голот повторно добар настап прикажа Митревски со 10 интервенции.