Постанавме како НАСА, само што НАСА одбројува за вселената, а ние за они 16 наши космонаути кои ги испративме во битка за ракометниот трон.
Што ќе биде??
Дали Кире, Кузмановски, Жути, Прибак, Деки, Џомба и останатите ќе стрелаат смирено и прецизно. Посакуваме и тоа како, никој не посакува победа повеќе од нас. Оваа вечер ќе биде една од најдолгите, а овие 60 минути како 600. Обрван против своите, а плус и против својот некогашен соиграч Бабиќ. Хрватска не толку силна како во минатото, но сепак предводена од една плејада одлични ракометари и дојдена со големи дострели.
Што ли смислиле Обрван и Брестовац сега? Брестовац од Франција, а Обрван од Полска со сигурност барале Норвешки рецепт за новите Хрватски полнети пиперки на македонски начин. Да, точно сигурен сум и дека го нашле, но се прашувам кој ли зачин ќе го стават, но нажалост за тоа ќе мора да почекаме до 20:30 часот кога ќе зоврие Таурон арената.
Влогот е голем, а двете репезентации одлично се познаваат и нема многу скриени адути. И најдобрите ракометни имиња предвидоа лавовска битка, а Македонија ја нагласија како репезентација со војничка дисциплина и лавовско срце.
Остануваат нешто повеќе од еден час до мечот за пресврт.
Дали го можат ова нашите момци ?
Дефинитивно дека го можат, кога германските судии ќр означат почеток на натпреварот, два милиони срца ќе бидат со покачен притисок и со пулс накај 160-170. Но ако треба вечерва за победа и ќе се гине.
Момци среќно!
Господ нека ве чува, а Борко да ве брани.
ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Автор на текстот: Томислав Угриновски