Денес, екипите на ЖРК Металург и ЖРК Вардар Јуниор ќе одиграат одлучувачки дерби натпревар на кој победникот ќе го заземе првото место на табелата. На првиот натпревар помеѓу овие две екипи, поуспешна беше екипата на Вардар Јуниор која оствари минимална победа во Автокоманда. Овој втор натпревар ќе се одигра во малата сала на СЦ ,,Јане Сандански” со почеток во 14 часот. За сите љубители на ракометот, влезот на овој дерби натпревар е слободен.
На едно коло пред крајот и пред овој натпревар, екипата на ЖРК Вардар Јуниор е на првата позиција на табелата, а екипата на Металург на втората со 3 бода помалку.