Денес ќе се сретнат екипите на Металург и Скјерн, екипи на кои им е неопходна победа, едните за избегнување на дното на табелата, а другите за пласман понатака во Лигата на шампионите.

Во пресрет на натпреварот, тренерот на Скјерн изјави дека внимателно ќе влезат во натпреварот и ќе пробаат уште денес да си го обезбедат понатамошниот пласман, предупредувајќи дека ги чека тежок натпревар во СЦ „Борис Трајковски“

„Се разбира, ќе направиме се уште во недела да си ја завршиме работата и пласираме во следниот круг. Играме против силен противник, иако веќе Металург ги загуби своите шанси за понатака. Ние дома ги победивме со (20:19), но во меѓувремено тие се засилија со Давиш Шпилер, со што очекуваме еден многу тежок натпревар во недела.“
– изјави тренерот на Скјерн, Оле Норгард.