Селекторот на француската репрезентација, Клод Онеста на ден пред почетокот на ЕП во Полска и на ден пред натпреварот против нашата селекција го изнесе своето мислење токму за нашата репрезентација.

Онеста: ,, Знам дека ќе биде тешко. Македонија има многу добар тим, а секогаш на почеток на турнирите натпреварите се тешки. Тешки се за сите, па и за нас. Треба да бидеме подготвени, затоа што се може да се случи во оваа прва рунда.“