Пласман помеѓу 5-то и 8-то место. Тоа се очекувањата на најголемиот број македонски граѓани кои учествуваа во анкетата која ја организираше МакРакомет.
Во нашата анкета, дури 48% од анкетираните веруваат дека Македонија не само што ќе ја помине групата туку и ќе се пласира помеѓу 5-8 место, што реално би бил навистина голем успех.
Сепак, Македонците покажаа дека се оптимисти неверојатни 31% очекуваат Македонија да се вмеша во борба за медал (23% очекуваат Македонија да ја видат во полуфинале, а 8% ја гледаат и како европски првак). 18% од анкетираните очекуваат да ја видат Македонија во втората рунда, а само 2% сметаат дека нашата селекција ќе ги заврши настапите по само 3 кола.
Резултатите покажуваат дека фановите и овој пат имаат огромни очекувања од омилените спортисти, од националните спортски херои. Наше е само да им посакаме среќа!