Вечерва со почеток во 18 часот,  екипата на РК Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на РК Борец од  Велес. РК Охрид во моментот е на второто место на табелата веднаш зад Металург и по завршницата на есенскиот дел од сезоната обезбеди настап во втората фаза, односно за разигрувањето за титулата. За разлика од РК Охрид, РК Борец се наоѓа на седмото место на табелата и без разлика на исходот од ово натпревар, ќе игра во плејаут фазата. Во рамките на овој денешен натпревар, поразговаравме со Горан Печенковски, ракометарот на РК Охрид кој за нашиот сајт го изјави следното:

,, Сметам дека доста добро трениравме во овој подготвителен период. Денес го играме првиот официјален натпревар за оваа година и мислам дека сме подготвени да продолжиме таму каде што застанавме. Тимот на Борец е тим кој не смееме да го потцениме, бидејќи во последните 3 натпревари извојува 3 победи. Секако против нас, како второ пласирана екипа ќе има поголем мотив да оствари добар резултат. Токму заради тоа мораме максимално да влеземе во овој натпревар доколку сакаме поволен резултат.“ – истакна Печенковски.

Екипата на Охрид како и екипите на Металург, Прилеп и Работнички обезбедија учество во завршницата, односно плејофот каде што ќе се придружат и екипите на Вардар и Макс Струмица.