Екипата на Пелистер е победник на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, што во изминатите денови се одржуваше во Прилеп. Во големото финале беа подобри од градскиот ривал Работник, кој го совладаа со минимални 24:23, за одмазда за поразот при пресметката во рамките од струшкиот меморијален турнир.

Ракометарите на Работник одлично го отворија натпреварот и го имаа водството се до 20-та минута, кога имаа предност од 8:5. Но, потоа дојде до голем пат во нивната игра, кој пелистерци го искористија за да направат пресврт и да заминат на полувреме до 14:12. Во второто полувреме ракометарите на Пелистер не застанаа, туку напротив направија уште една серија и веќе на почетокот поведоа со 5 погодоци, 20:15. За потоа останат сконцентрирани до самиот крај и успешно го сочуваат водството и заслужено стигнат до победата.

Генерално според струшкиот турнир и според прилепскиот, македонските екипи во новата сезона ветуваат добар ракомет и многу изненадувања!

Стандард како на секој турнир беа одредени најдобрите:

  • Најкорисен ракометар: Реваз Чантурија (РК Пелистер)
  • Најдобар голман: Кирил Колев (РК Пелистер)
  • Најдобар стрелец: Темур Орионикидзе (РК Прилеп)