Вечерва РК Пелистер на домашен терен во спортската сала „Младост“, не успеја да обезбеди позитивен резултат против екипата на Богошча, во рамките од 3-то коло во Челинџ Купот.
Натпревар помеѓу две изедначени екипи, во кој се играше гол за гол, максимално неизвестен до самиот крај. Во кој за жал, битолчани беа минимално поразени со 21:23. Но, не треба да се предадат, бидејќи сеуште не е готово. Одиграа добар натпревар, но сепак не успејаа да одиграа 60 минути со тоа темпо. Во финишот имаа пад во играта, кој ракометарите на Вогошча го искористија и направија пресврт, со кој се враќаат дома со голема победа сред Битола.
Најефикасни на натпреварот беа Димитровски со 5 и Чантурија со 3 постигнати погодоци. Додека кај гостите најефикасни беа Дивковиќ со 7 и Медиќ со 5 постигнати погодоци.
Реванш натпреварот ќе се одигра за седум дена во Вогошча, со почеток од 19:00 часот.
Фото: www.24rakomet.mk