Андреа Пенезиќ, вардаровиот бомбардер денеска даде седум голови во победата за второ финале во низа на фајнлфорот во Будимпешта против Ростов и најави дека утре е шансата на вардарки за реванш против Ѓер за загубеното ланско финале.

„Добро го отворивме мечот, уште од самиот почеток го диктиравме темпото. Не беше лесно како што се чинеше, Ростов има исклучително брза екипа, но ние ги сопревме во контранападите и во полуконтрите. Сега пред нас е Ѓер, Ѓер е машина, имаат толку многу играчи, па не се чувствува на терен некој е повреден или не игра. Одлична екипа се, имаат врвен тренер, играат одлично. Но, нема ни на нив да им биде лесно со нас. Би сакала утре уште повеќе навивачи да дојдат, затоа што ни треба таа поддршка“ – изјави Пенезиќ.