Ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ го доби признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите со своите вкупно 98 постигнати погодоци.
Пенезиќ која одигра феноменална сезона во „црвено-црвениот“ дрес, предводејќи го Вардар до финалето, каде за жал не успеа да ја круниса со Европска титула. Па утеха ќе и биде ова индивидуално признание, за кое и самата вели дека би го сменила за титулата Европски шампион.
„Секогаш е убаво да се освои индивидуална награда, за која мора да се заблагодарам на мојот тим. Но, ако ме прашате за размена на оваа награда со Европската титула, веднаш би ја заменила.“ – изјави Пенезиќ.
Топ 3 стрелци:
- Андреа Пенезиќ (ЖРК Вардар)
- Изабела Гулден (ЦСМ Букурешт)
- Катарина Булатовиќ (Будуќност)
Честитки за оваа голема награда и многу успех понатаму на клупско и репрезентативно ниво!