Најдобриот стрелец на ЖРК Вардар оваа сезона е хрватската репрезентативка, Андреа Пенезиќ. За нејзе ова ќе биде 4-ти пат на Ф4, во дресот на „црвено-црните“. Крајно возбудена пред денешниот натпревар, изјави дека се подготвени за новиот предизвик и натпреварот со Ростов Дон.

„Ние само еднаш игравме против нив и тоа во пријателски натпревар. Ростов-Дон има одлични играчи, многу добри крила и некои играчи што секогаш против Вардар имаат одлични партии. Мислам дека сме подготвени за овој предизвик“ – изјави Пенезиќ.

Натпреварот започнува од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.