Ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ со постигнати 10 погодоци (од кои 8 во првото полувреме) против Турингер, заслужено е избрана како една од трите ѕвезди на колото во Лига на шампионите. Таа во рамките на третото коло од главната фаза е во друштво со: Ана Грос (Мец) и Жита Сучански (ФТЦ).

Ова е трет пат сезонава, Пенезиќ да биде меѓу трите ѕвезди, а пред две кола беше избрана и за играч на колото. Работи кои зборуваат
многу за најзината форма и лидерство во екипата на ЖРК Вардар.

Најдобрите потези трите ракометарки може да ги погледнете на следниот ЛИНК.