жарко пешевски македонија

Вториот пикер во нашата репрезентација, Жарко Пешевски одлично ја искористи својата минутажа на сите натпревари и покажа одлична игра, која ветува дека во иднина ќе имаме уште еден квалитетен пикер во нашата репрезентација.

Пешевски предупредува дека чешката репрезентација е многу посилна, отколку во квалификациите ред 6 месеци. Со нови играчи и подобрена игра, но исто така вети дека ќе го остават срцето на терен!

„Чешка е една озбилна репрезентација, играат играчи кои не играа во претходните дуели против нашата репрезентација. Мислам дека сега се многу опасни, влечат полуконтра, имаат одлична одбрана и супер голмани. Ќе ни биде премногу тешко, но заборавивме на оној дуел со Шпанија и влагаме максимално против нив. Бидејќи заслужуваме и ние како ракометари и сите кои се тука во Вараждин и сите тие кои беа во Загреб, да го оставиме срцето на терен и забележиме повторно позитивен резултат.“ – изјави Жарко Пешевски.