жарко пешевски македонија

Во пресрет на денешниот натпревар против репрезентацијата на Бахреин, пикерот на македонската репрезентација, Жарко Пешевски вели дека дуелот нема да биде ист како средбата со Јапонија.

„За дуелот со Јапонија имавме доволно време да се подготвиме, сега за дуелот со Бахреин ќе биде малку потешко. Немаме доволно време, но такво е ова првенство, краток е периодот, имаме само еден тренинг пред натпреварот, недоволно време за видео-анализа. Но, ние сепак во дуелот ќе влеземе максимално подготвени“ – изјави Пешевски.

Пешевски е свесен дека Бахреин ја бара шансата токму против нас.

„Бахреин не нѐ гледа со исти очи како што ја гледаа Шпанија, но ние ќе направиме да им биде уште потешко. Тие секако ја гледаат нивната шанса токму со нас. Но, Македонија на првиот натпревар се покажа во поинакво светло, дадовме 38 гола иако имавме мали проблеми во одбраната. Ние сигурно ќе дадеме сѐ од себе да се поправиме и да славиме.“ – заврши пикерот на нашата репрезентација.