Во пресрет на утрешниот натпревар на ракометарките на ЖРК Вардар, против екипата на Митјиланд помошникот на Индира Кастратовиќ, Јан Питлик по долго време се враќа во својата татковина како дел од друг клуб.

„Со нетрпение ја очекувам моето повторно посетување на Данска, особено во Икаст Бренд арената. Всушност неколку години поминаа, откако последен пат бев во Данско со некој тим, што би било интересно да пробам повторно понатака. Секогаш сакам да го посетам Митјиланд“
– рече Питлик.

Во врска со атмосфетара во арената во Икас, Питлик изјави дека секогаш уживал во нејзе, додека ги гледал натпрерварите од лигата или европските натпревари, додека бил тренер на данската репрезентација. Ќе има биде од помош на ракометарките на Митјиланд публиката, но иако лесно дојдовме до победа во Скопје, не очекува еден тежок меч во Данска.

„Знаеме дека играњето на домашен терен и на гостински, се многу различни во овие натпревари. Дефинитивно мислам дека Митјиланд може да одигра подобро, отколку што одиграа во Скопје, по што очекувам еден тежок натпревар. Одбраната 5-1, која ја практикуваше Митјиланд во второто полувреме беше ново за нас, но се разбира ние зборувавме истотака и за одпцијата 6-0 во одбраната.“ – изјави Питлик за официјалниот сајт на ЕХФ.