Помошникот на Индира Кастратовиќ, Јан Питлик на прес-конференцијата по натпреварот изрази задоволство од играта на неговите ракометарки, како и од убедливата победа над данскиот шампион Митјиланд.

„Секако дека сум задоволен, како од играта, така и од убедливиот резултат со кој уште повеќе си ја креваме самодовербата пред предизвиците што ќе следат. Да бидам искрен, изненаден сум од конечниот исход, особено ако се земе во предвид доброто прво полувреме што го одигра Митјиланд. Во вториот дел многу подобро ги затворивме приодите кон својот гол… цврста одбрана и добри голмани, тоа беше нашата тајна. Тогаш Хеле Томсен почна многу да го менува тимот, а ние направивме уште поголема разлика и прерано го решивме мечот“ – изјави Питлик.