Непријатниот пораз од Шпанија е веќе зад македонските репрезентативци. Одморени по еден ден пауза, нашите репрезентативци денес одат по победа над Чешка и висок пласман во втората фаза од натпреварувањето.

Во случај за победа, Македонија ќе ги задржи шансите за полуфиналето, поточно за пласман меѓу најдобрите 4 ќе одлучува директниот дуел со репрезентацијата на Данска. Но за тоа, потоа. Пред нас е дуел со нималку наивната Чешка.

На шампионатот Чешка покажа извонреден напредок. Во групната фаза почна катастрофално со висок пораз од Шпанија, но веќе во второто коло забележа сензационален триумф над Данска, кој го завери со висока победа над Унгарија во последното коло.

Чешка солидно го започна и вториот дел од шампионатот, каде само поради падот во последните 10 минути, загуби од европскиот првак Германија.

Играта на Чешка е многу подобрена во однос на квалификациите со Македонија од пред неколку месеци. Имаат одлична транзиција, одлични организатори на играта и лесно создаваат шанси за гол. Покрај бековската линијапредводена од Здрахала, кој е мотор на екипата, Каспарек и искусниот Хорак е навистина опасна за секоја репрезентација. Кога тука ќе се додаде и крилото Цип, станува јасно дека ова е навистина сериозен тим. Во одбраната одлични се и голманите Галиа и Мрква и нашите репрезентативци ќе мора да бидат во полна концентрација.

Независно со кој тим Македонија ќе истрча на теренот (со или без Кире Лазаров), јасно е дека треба да се одигра храбро и паметно, и да се обидеме да дојдеме до триумф, со кој ќе обезбедиме пласман во првата половина од шампионатот.

Мечот е со почеток во 20:30, со директен пренос на Телма.