Вчера и денес се одиграа двата заостанати натпревари од 11-то коло од македонската ВИП Супер лига. Натпревари во кои екипите на РК Тинекс Пролет и РК Металург издвојуваа победи над РК Пелистер и РК Работнички.
- РК Работнички – РК Металуг
Металург ја продолжи својата доминација во домашното првенство, откако вчера го совлада Работнички со убедливи 27:19. Натпревар во кој ракометарите на РК Работнички одиграа добро и успешно им се спротиставија само во првото полувреме, кое заврши со 8:10. Веќе во второто полувреме беа немоќни, а „плаво-белите“ со серија од 8:0 во периодот од 27-та до 39-та минута го реши натпреварот.
Најефикасни кај Работнички беа Никола Марковски и Златко Мојсовски со по 4 погодоци, додека кај Металург Јанко Божовиќ со 7 и Марко Матиќ со 5 погодоци.
- РК Тинекс Пролет – РК Пелистер
Ракометарите на Тинекс Пролет издвојуваа победа на домашен терен против битолчани, кои низ целиот натпревар ја бркаа минималната предност од 2-3 гола на скопјани. Натпревар кој беше неизвесен до 51-та минута, кога ракометарите на Пролет преки Јанев и Андоновски ја зголемија разликата на 5 погодоци (25:20). Со што во финишот рутински го одиграа, а ракометарите на РК Пелистер успејаа само да го намалат водството, за конечни 28:26 и четвртта победа на Тинекс Пролет оваа сезона.
Најефикасен на натпреварот кај домаќинот беа Стефан Стојановски со 9 и Ласко Андоновски со 8 погодоци, додека кај гостинската екипа Топиќ со 5 и Димитровски со 4 погодоци.
За останатите натпревари од 11-то коло кои се одиграа викендов, може да прочитате повеќе ТУКА.