македонска публика

Македонската машка ракометна репрезентација во недела, 10.јуни,, со почеток од 20:30 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски” во Скопје, ќе го одигра првиот натпревар од Баражот за Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.

Продажбата на влезници за натпреварот почнa денеска, на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонската машка ракометна репрезентација првиот од двата бараж натпревари ќе го игра во Скопје, а ревашнот ќе се одигра во Клуж на 13 јуни