Македонската репрезентација продолжува во следната фаза од европскиот шампионат, откако Дејан Манасков на две секунди до крајот успеа да постигне погодок за реми од 27-27 против Србија.
Во еден тежок натпревар, како и што се очекуваше претходно, се играше гол за гол. Најизменично се менуваше водството на двете страни, кај србите Станиќ беше неприкосновен на голот, со што не дозволуваше нашите ракометари да се одвојат резултатски во натпреварот.
Што е тука е, македонската репрезентација продолжува во втората фаза, каде ќе игра уште три натпревари, во кои ќе се бори за што подобар пласман. Норвешка веќе се пласи, останува натпреварот вечерва од 20:30 часот, помеѓу Хрватска и Исланд да го решат вториот и третиот патник од таа група.
Најефикасни на натпреварот беа Дејан Манасков со 10 и Георгиевски со 5 погодоци.