Сабајлево стигнаа одлични вести од Франција, повредата на Филип Миркуловски не била сериозна. Тој се повреди на последниот натпревар против Исланд, но информациите се дека мускулот не е скинат.
По што вечерва Миркуловски ќе се обиде лесно да тренира на тренингот во Албервил, во 18:00 часот.
Истотака на натпреварот против Исланд, се повреди и Дејан Манасков. Но, засега нема никакви информации за неговата сериозност.