Велко Маркоски Македонска репрезентација

Ракометната федерација на Македонија потврди дека Велко Маркоски нема да биде дел од нашата репрезентација на претстојното Европско првенство во Шведска, Австрија и Норвешка.

Маркоски се повреди на пријателскиот натпревар против Словенија (28-33) кога доби силен удар во окото од Деан Бомбач, по што денеска македонскиот репрезентативец мораше да оди на дополнителни прегледи и беше потврдено дека мора да паузира две недели.

Во прилог соопштението од РФМ:

Ве известуваме дека по направените дополнителни медицински прегледи во Очната Клиника во Љубљана и добиените резултати констатирано е дека Велко Маркоски ќе треба да отуствува 14 дена (повреда на левото око, по ударот со топка од страна на Бомбач). Велко Маркоски утре вечер се враќа за Македонија каде што во понеделник ќе има дополнителни прегледи и ќе продолжи со рехабилитација.