Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) утрово ги објави термините и распоредот за одигрувањето на натпреварите од групната фаза на СП 2017, кое ќе се одржи во Франција од 11-ти до 29-ти јануари.

Распоред на натпреварите:

  • Македонија – Тунис (На 12-ти јануари, од 17:45 часот)
  • Ангола – Македонија (На 14-ти јануари, од 20:45 часот)
  • Словенија – Македонија (На 16-ти јануари, од 17:45 часот)
  • Македонија – Шпанија (На 18-ти јануари, од 20:45 часот)
  • Македонија – Исланд (На 19-ти јануари, од 17:45 часот)
*Нашата репрезентација натпреварите ќе ги игра во градот Мец.