Познати екипите кои ќе разигруваат за титулата!

Попладневно се одигра и последниот натпревар од претпоследното коло во ВИП Супер лигата, каде ракометарите на Еурофарм Работник издвојуваа победа на гости против екипата на Вардар Јуниор со резултат 23:31. По што, на коло пред комплетирање на првата фаза од македонското првенство, познати се екипите кои ќе разигруваат во плејофот за титулата.

  • ГРК Борец
  • РК Пелистер
  • РК Охрид
  • РК Еурофарм Работник

Екипи кои ќе им се приклучат на РК Вардар и РК Металург, кои поради настапите во СЕХА лигата беа ослободени од обврските во првиот дел од сезоната. Додека за опстанок во лигата, сезонава во плејаутот ќе разигруваат екипите на РК Прилеп, РК Радовиш, РК Металург 2, РК Тинекс Пролет, РК Вардар Јуниор и РК Работнички.

Останува уште да се одигра уште последното коло, по што точно ќе се знае и распоредот на одигрување на натпреварите (кој се очекува да биде на почетокот на април).

АКЦИЈА
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет