Викендов се одигра 15-то коло од ВИП Супер лигата, со што започна пролетната полусезона во која ќе гледаме многу интересни натпревари, во кои екипите ќе се борат за пласман во плеј-офот. Ова 15-то коло го отвори дербито помеѓу РК Охрид и РК Пелистер, каде во крајно неизвесен натпревар охриѓани издвојуваа победа, со која го превзедоа првото место на табелата. Во останатите натпревари без поголеми изненадувања, екипите на Еурофарм Работник, РК Прилеп, РК Радовиш и ГРК Борец запишаа по нови 3 бода на своето конто.

  • РК Охрид – РК Пелистер

Во дерби натпреварот од 15-то коло во ВИП Супер лигата, ракометарите на РК Охрид го искористија домашниот терен и издвојуваа многу значајна побда над РК Пелистер со резултат 28:24 (16:10). Првото полувреме им припадна на домаќините, одираа одлично и зааслужено водеа со 6 погодоци. Но, во второто полувреме видовме еден нов Пелистер, кој ја зацврсти одбраната и во нападот одигра без многу технички грешки, по што веќе 52-та минута го изедначија резултатот на 23:23. По што во последните натпревари се одигра еден егал натпревар, во кој благодарение на репрезентативниот голман, Трајковски (кој забележа 6 одбрани), РК Охрид ја обезбеди својата 11-та победа оваа сезона.
Најефикасни кај РК Охрид беа Блажевски со 8, Кезиќ и Адамовиќ со по 6 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасни беа Везенковски со 7, Вујачиќ и Тасевски со по 5 постигнати погодоци.

  • РК Металург 2 – Еурофарм Работник

Битолскиот суперлигаш Еурофарм Работник со победа ја започна пролетната полусезона, откако славеше на гостински терен кај тимот на Металург 2 со резултат од 24:33 (13:14). Овој натпревар беше и победничко деби за новиот тренер Андон Бошковски на битолчани. Ракометарите на Металург 2 имаа сили да им се спротистават само во првото полувреме, за во второто полувреме битолчани го скршат нивниот отпор и убедливо да слават на крај, за 10-та сезонска победа со која остануваат на 3-то место на табелата.
Најфикасни кај Металург 2 беа Танкоски со 8 и Димитриоски со 7 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Сергио Хенрике со 14 постигнати погодоци.

  • РК Радовиш – РК Тинекс Пролет 62

Во Радовиш се одигра еден крајно неизвесен натпревар со многу промени на водството во текот на сите 60 минути, во кои ракометарите на РК Радовиш ги совладаа скопјани со резултат 21:19 (11:9). Иако на 5 минути до крајот, ракометарите на Пролет имаа водство од 18:19, сепак искуството на домаќините беше пресудно за пресвртот и победата која ги остави во борбата за последното место кое носи билет за плеј-офот.
Најефикасни кај домаќините беа Фенов и Сколов со по 6 постигнати погодоци, додека кај гостите беа Василевски со 6 и Андоновски со 5 постигнати погодоци.

  • РК Работнички – РК Прилеп 2010

Ракометарите на РК Прилеп очекувано издвојуваа лесна победа на аутсајдерот оваа сезона, екипата на РК Работнички со убедливи 29:38 (14:18). Скопјани само на стартот им парираа на искусните ракометари на РК Прилеп, по што потоа предноста на прилепчани растеше континуирано до самиот крај, за висок триумф од девет погодоци.
Најефикасни кај домаќините беа Симоноски со 9 и Тасев со 6 погодоци, додека кај гостит најефикасни беа Јанчев и Тренчевски со по 8 постигнати погодоци.

  • ГРК Борец – РК Вардар Јуниор

Ракометарите на Борец во првиот натпревар од пролетната полусезона во Суперлигата, на домашен терен во Велес очекувано ја совладаа екипата на Вардар Јуниор со убедлив резултат од 38:25 (20:13). Ракометарите на Вардар Јуниор им парираа на велешани само во почетните минути, кога имаа пристојна негатива од 9:7. За потоа со серија се одвојат ракометарите на Борец и до крајот на натпреварот само ја зголемуваат за нова победаи многу важни бодови за борбата во плеј-офот.
Најефикасни на кај домаќините беа Димитриевски со 10 и Крстевски со 8 постигнати погодоци, додекаа кај гостите најефикасен беше Поповски со 9 постигнати погодоци.