Викендов се одигра предпоследното 17-то коло од ВИП машката Супер лига. До крајот на оваа прва фаза преостанува само уште едно коло, кое судејќи по моменталната состојба на табелата не би сменило ништо. Ова 17-то коло го отворија екипите на РК Пелистер и РК Металург 2 во меѓусебен дуел на кој подобра беше екипата на Пелистер. РК Металург, РК Охрид како и РК Радовиш во своите натпревари беа поуспешни и сосема заслужено запишаа по нови 3 бода.
1) РК Пелистер – РК Металург 2 40:21 (24:15)
Ракометарите на Пелистер и на Металург 2 денес во меѓусебен натпревар го отворија 17-тото коло од ВИП Супер лигата. Во Битола, екипата на Пелистер беше домаќин на младиот состав на Металург 2 и успеа да додаде нови 3 бода на своето конто. Битолчани беа поусшешни од младите металурзи совладувајќи ги со 40:31 (24:15). Домаќините одлично и сигурно го започнаа натпреварот и веќе на стартот имаа предност од 2 гола (3:1, 4:2), а неколклу минути подоцна водството се зголеми и на +7. Во првото полувреме и двете екипи постигнаа доста број на голови (24:15), а со истото темпо продолжија и во второто полувреме иако веќе победникот беше познат. Ракометарите на Пелистер успешно ја зачуваа предноста од 9 голови до самиот крај, а младите ракометари на Металург 2 покажаа далеку подобра игра од онаа од првите 30 минути. Најефикасни на овој натпревар беа Рајатовски Пеце со 8 и Реваз Чантурија со 6 погодоци од екипата на Пелистер, а од екипата на Металург 2 се истакна Димитриоски Димитар кој постигна 9 погодоци.
2) РК Работнички – РК Вардар Јуниор 29:27 (13:13)
Во рамките на натпреварувањето во ВИП машката Супер лига, во 17-тото коло се сретнаа екипите нан РК Работнички и РК Вардар Јуниор. Домаќинот, екипата на Работнички многу потешко од очекуваното успеа да дојде до нова победа над екипата предводена од Пепи Манасков, која беше поуспешна во првиот меѓусебен дуел. Гостинската екипа – Вардар Јуниор, во текот на првото полувреме беше во водство (3:6, 6:9), но домашнте ракометари на само неколку минути до истекот на првиот период успеаа да ја намалат разликата на -1, 10:11. Во тој момент следуваше серија на вардарци од 2 гола за враќање на водството од 3 гола. Но, ракометарите на Работнички со брзи 3 гола во серија дојдоа до изедначување, на 13:13. Второто полувреме беше вистинско изненадување за гледачите, кое беше неизвесно до самиот крај. Во овој период се играше гол за гол, се до моментот кога вардарци со серија од 3 гола како и во првото полувреме го вратија водството, 23:26. Вардар Јуниор до самиот крај не успеа да ги сочува овие 3 разлика, дозволувајќи му на противникот да го изедначи резултатот 26:26, а потоа и да поведе со +2 и да ги постави конечните 29:27. Во тимот на Работнички најефикасен беше Илиќ со 13 голови, додека во противничкиот состав се истакна Чурлевски кој постигна 9 голови.
3) РК Металург – РК Прилеп 28:22 (15:10)
Ракометарите на Металург дојдоа до својата 17-та победа оваа сезона, откако денес на домашен терен ја совладаа екипата на Прилеп 28:22 (15:10). Екипата на Прилеп се наоѓа на третата позиција на табелата и со овој пораз од Металург ја пропушти шансата да се качи едно место погоре. Металург сигурно го започна натпреварот со водство од 5:1. Од овој момент, следуваше период од 10-тина минути кој тотално му припадна на гостинот. Прилепчани успеаа да ја стопат разликата од 4 голови, го изедначија резултатот на 7:7, а потоа и поведоа 7:8. Ова беше последното водство на гостинската екипа, затоа што Металург наметна силно темпо и со неколку голови во серија успеа да го врати водството. На одмор овие две екипи заминаа при резултат 15:10. Второто полувреме помина во целосна доминација на домашната екипа. Металург играше со сили колку да ја одржува предноста,а благодарение на одличните интервенции на младиот голман на Металург, Мартин Томовски предноста се зголемуваше и на крајот достигна до +6. Најефикасни на овој натпревар беа Матиќ со 5 голови од екипата на Металург, како и Секулиќ со 4 голови од екипата на Прилеп.На овој натпревар одлична партија прикажаа и голманите на двете екипи. По 17 одиграни кола, екипата на Металург се наоѓа на првото место со максимален број на бодови, додека екипата на Охрид е на второто место благодарение на победата над екипата на Прилеп во минатото коло.
4) РК Радовиш – РК Борец 29:26 (12:12)
РК Радовиш на домашен терен дојде до нова победа откако во саботата во еден крајно интересен и возбудлив натпревар успеа да слави победа над екипата на ГРК Борец од Велес. Првото полувреме беше доста возбудливо и тоа благодарејќи на одличната игра и на двете екипи. Се играше гол за гол, а највисоката предност на овие две екипи беше до 2 гола. Сепак и реално според прикажаната игра резултатот на полувремето гласеше 12:12. Истата игра се повтори и во вторите 30 минути, резултатот на семафорот беше изедначен многу пати се до последните 15-тина минути кога домаќините со серија од 4 голови успеа резултатски да се одлепо, 24:20. Ракометарите на Борец се чинеше дека се предадоа, но во последните 5 минути резултатот на семафорот беше 26:25. Победникот на овој натпревар беше решен во самиот финиш, кога домаќините со серија од 3 гола ја вратија предноста и ги поставија конечните 29:26. Најдобри на овој натпревар беа стандардниот Илиев од екипата на Радовиш кој постигна 11 голови, како и Мачавелов од ГРК Борец кој постигна 7 голови.
5) РК Охрид – РК Тинекс Пролет 29:27 (12:12)
Со натпреварот помеѓу РК Охрид и РК Тинекс во Охрид се затвори 17-тото коло од овогодинешната ВИП Супер лига. Потешко од очекуваното, ракометарите на Охрид ја совладаа екипата на Тинекс Пролет која пружи одличен отпор и во некои делови од натпреварот беше подобар противник. Се играше прекрасен ракомет и во двете полувремиња, а победникот на овој натпревар беше решен во последната минута кога домаќините со 2 брзи гола дојдоа до победа. Кежиќ со 7 голови, како и Печенковски и Вражалица кои додадоа по 6 голови беа вистински предводници на екипата на Охрид и најзаслужни за победата. Во составот на Тинекс Пролет, Андоновски беше најдобар поединец и постигна 11 голови.