Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак одигра одлично денеска на гостувањето на Бешикташ кај Висла Плок во рамките од седмото коло од Лигата на шампионите. Натпревар во кој Прибак реализираше 5 погодоци од 7 обиди, но залудно бидејќи Бешикташ беше поразена со 32:26.

Сепак, радува доброто издание на Прибак, кој повторно беше еден од најзабележителните (втор стрелец) во редовите на Бешикташ. Со што очекуваме неговата форма да расте во нагорна линија, пред престојното ЕП во Полска следната година.