Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак беше одличен на денешниот натпревар против Брага, во кој со својот Бешикташ славеше со 33:31 во новата сезона од Лигата на шампионите.
Прибак одигра феноменални 60 минути, во кој постигна 7 погодоци и само едно промашување. Со што беше еден од носителите на својата екипа, заедно со Рамазан Доне кој истотака одигра феноменално постигнувајќи 9 погодоци.
Веќе во следно коло Прибак ќе има можност повторно да ја покаже својата добра форма, кога ќе му гостуваат на Нант во Франција.