Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак продолжува да прикажува одлични партии во дресот на Бешикташ. Овојпат беше еден од најзаслужните за минималната победа над Мотор Запорожје (23:22), со што турскиот тим ја забележа втората победа во Лигата на шампионите.

Прибак постигна 5 погодоци (од 7 обиди) како и Есбахар, кои беа вистински предводници на Бешикташ на вчерашниот натпревар. Добрата форма на Немања Прибак дефинитивно радува во пресрет на стартот на квалификациите за ЕП 2018.

Бешикташ во групата Д со две победи, реми и пораз се наоѓа на втората позиција зад Нант.