Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак продолжува со своите одлични партии во Бешикташ. Денес со својот клуб играа против големиот фаворит Веспрем во рамките од Лигата на шампионите, каде очекувано беа совладани, минимално со 34:38.

Натпревар во кој ракометарите на Бешикташ само во првите 15 минути пружија отпор, за потоа Веспрем да го превзеде натпреварот во свои раце и мирно донесе до 8-та победа оваа сезона. На овој натпревар Прибак одигра одлично, каде беше еден од главните играчи кои ја разигруваа екипата во нападот, со што натпреварот го заврши со 6 постигнати погодоци.

Формата на нашиот репрезентативец не радува и водено му посакуваме уште многу вакви натпревари!