Tинекс Пролет вчера го загуби првиот натпревар од дуелот со белгискиот Сасја со 20:24, во рамките од Челинџ купот.
Натпревар во кој ракометарите на Тинекс Пролет одиграа одлично прво полувреме, каде постојано беа во водство и го диктираа темпото на игра, за на полувреме заминат со 11:9. Но, веќе во второто полувреме се сменија работите, каде со помош на судиите од Велика Британија, ракометарите на Сасја успеаја да направат пресврт и да го добијат првиот натпревар. Нешто што неопходно е да напомене дека скопјани имаа дури 10 исклучувања во второто полувреме, по што ракометарите на Сасја умешно го искористија тоа за победа.
Како и да е, ништо не е готово. Денес од 14:30 часот се игра реванш натпреварот, каде ракометарите на Тинекс Пролет ќе го дадат максимумот за да издвојуваат позитивен резултат кој ќе ги однесе во осминафиналето во Челинџ купот, без разлика на судиското дуо од Велика Британија, кое повторно ќе го судат денешниот натпревар.
Најефикасни на вчерашниот натпревар беа Андоновски и Стојановски со по 5 погодоци, додека кај гостинскиот тим Рола со 6 и КОлман со 5 погодоци.
Среќно момци!