Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ би можел да не заигра ниту еден натпревар за полскиот Киелце, откако од таборот на ПСЖ, каде што тренер е Раул Гонзалез испратија голема понуда за хрватскиот интернационалец.

Со оглед на тоа дека сопственикот на ПСЖ, катарскиот емир Насер Ал-Келаифи има неограничени финансиски ресурси и се чини дека би направил се за „светците” да седнат на кровот на Европа, тие му понудија 4 милиони евра, откако претходно Киелце одбил на два пати (еднаш 1 милион и еднаш 1.5 милиони).

Се чека одговор од Келце, кој доколку ја прифати понудата Лука Циндриќ ќе стане најскапиот ракометар во историјата.