Во рамките на натпреварувањето во ВИП машката Супер лига, во 17-тото коло се сретнаа екипите нан РК Работнички и РК Вардар Јуниор. Домаќинот, екипата на Работнички многу потешко од очекуваното успеа да дојде до нова победа над екипата предводена од Пепи Манасков, која беше поуспешна во првиот меѓусебен дуел. Гостинската екипа – Вардар Јуниор, во текот на првото полувреме беше во водство (3:6, 6:9), но домашнте ракометари на само неколку минути до истекот на првиот период успеаа да ја намалат разликата на -1, 10:11. Во тој момент следуваше серија на вардарци од 2 гола за враќање на водството од 3 гола. Но, ракометарите на Работнички со брзи 3 гола во серија дојдоа до изедначување,н 13:13. Второто полувреме беше вистинско изненадување за гледачите, кое беше неизвесно до самиот крај. Во овој период се играше гол за гол, се до моментот кога вардарци со серија од 3 гола како и во првото полувреме го вратија водството, 23:26. Вардар Јуниор до самиот крај не успеа да ги сочува овие 3 разлика, дозволувајќи му на противникот да го изедначи резултатот 26:26, а потоа и да поведе со +2 и да ги постави конечните 29:27.
Во тимот на Работнички најефикасен беше Илиќ со 13 голови, додека во противничкиот состав се истакна Чурлевски кој постигна 9 голови.
Двојки за ова 17-то коло се:
РК Металург – РК Прилеп сабота, 13:30 часот – спортска сала Автокоманда
РК Радовиш – ГРК Борец сабота, 18:30 часот – СРЦ ,,25 Мај“
РК Охрид – РК Тинекс Пролет сабота, 20:15 часот – СЦ ,,Билјанини извори“