Македонскиот женски ракометен шампион и европски вицепрвак ЖРК Вардар утре ќе го има своето 5-то учество на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Будимпешта.

Во полуфиналето „црвено-црните“ ќе се соочат со екипата на Ростов Дон, кој е дебитант на овие завршни турнири во Лигата на шампионите.

Една од ракометарките со најголем стаж е црногорката ЈОванка Радичевиќ, која потенцираше дека треба да бидат внимателни во одбраната, бидејќи рускиот тим има брзо контри и полуконтри.

„Имаме доволно искуство од настапите на овие натпревари. Треба да бидеме особено внимателни на контрите и полуконтрите на рускиот тим. Истотака треба максимално добро да одиграме во одбраната, ако сакаме да имаме успех и да се пласираме во финалето. Нападот барем досега добро функционираше и очекуваме така да продолжиме. Сите сме добро подготвени“ – изјави Јованка Радичевиќ.