Вечерва ракометарите на Рајн Некар Левен му се одмаздија на Вардар, за минатонеделниот пораз во Франкфурт. Во еден цврст натпревар, германците успеаја да ги искористат грешките на „црвено-црните“ во второто полувреме и да ја забележат својата 5-та победа во Лигата на шампионите (26:29).

Ракометарите на Вардар одлично го отворија натпреварот, но и таканаречените „лавови“ вратија со одлична игра. По што се играше егал натпревар цело прво полувреме, со менување на водството на двете страни, кое не беше повеќе од два гола. За на полувреме да се замине со резултат 15:15.

Второто полувреме можевме да видиме еден друг Вардар, лошо го започнаа натпреварот и направија неколку технички грешки. Избрзано во нападот, без добра одбрана дозволија противникот да направи серија од 3:0 и да се одлепи полека резултатски. Кога вардарци ќе избореа шанса за погодок, голманот на Рајн Некар Левен, Апелгрин ги откажуваше вардаровите ракометари. Апелгрин натпреварот го заврши со 14 одбрани и еден одбранет седмерец беше клучниот играч во победата на Рајн Некар Левен.

Останува да се анализира овој натпревар, каде згреши Гонзалес и зошто така лесно се дозволи на германците да издвојуваат победа?!?

Вардар и понатаму е фаворит за првото место во групата, но овојпат ќе мора по потешкиот пат да се избори за тоа.

Најефикасни на натпреварот беа Жоан Канелјас и Вуко Борозан со по 6 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасни беа Мадс Ларсен и Харалд Рајнкинд со по 7 постигнати погодоци.

Фото: www.ekipa.mk