Македонскиот шампион Вардар ќе игра директно во 1/4 финалето од ЛШ, бидејќи директниот конкурент за врвот, екипата на Рајн Некар Левен, вчера како домаќин неочекувано загуби од Пик Сегед со резултат 24:30. Победа со која Пик Сегед го презеде второто место во групата, со што двете екипи по сите 14 натпревари имаат по 17 бода.

Поради триумфот на Сегед, Вардар и да загуби во последното коло, нема да има промени на табелата. Но, секако триумфот пред домашната публика е императив, поради поразот кај Мешков Брест минатото коло.

Единствено Киелце е со натпревар помалку и има шанса да стигне до ист број на бодови со Вардар, дотолку „црвено-црните“ загубат од Кристијанштад. Во тој случај, повторно Вардар ќе остане на првото место, бидејќи имаат подобра меѓусебна статистика со Киелце (40:34 во Скопје, 27:24 на гостувањето во Киелце).

Последниот натпревар на Вардар против Кристијанштад од групната фаза во ЛЕ се игра на 12-ти март.

Честитки!