Ракометарите на Вардар го пречекуваат силниот Веспрем

Вардар Веспрем Лига на шампиони

Ракометарите на Вардар денеска во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат силниот Веспрем, во рамките од 10-то коло во Лигата на шампионите.

Натпревар на колото во ЛШ, во кој играат екипите кои го играа финалето минатата сезиона и екипи кои имаат најмногу титули во СЕХА лигата. Со право избран да биде натпревар на колово во Лигата на шампионите.

Но, денес „црвено-црните“ се соочуваат со доста проблеми во скрпување на составот. Многу клучни играчи сеуште се на листата на повредени, а оние кои се вратија во составот, сеуште не можат да влезат во својот претпознатлив ритам. Така со право, капитенот Стојанче Стоилов им ја препушти фаворитската улога на екипата на Веспрем.

„Ова ни е последен натпревар оваа полусезона во ЛШ. Нема веќе што да се зборува за ситуацијата во која се наоѓаме, ростерот е тој што го имаме. Веспрем е апсолутен фаворит и тука нема што да се лажаме. Што е до нас, ние мора да се бориме и да не ја разочараме публиката. Ќе играме со тоа што го имаме. Не можеме да ја подготвиме одбраната како што посакуваме. Голманите не се на ниво, а со тоа и одбраната. Меѓутоа вината не е кај голманите, ова е тим и сите сме виновни.“

Дисингер се оперираше во четвртокот и неговата рехабилитација ќе трае четири-пет месеци. Неизвесно е дали ќе игра Даинис Криштопанс, па во таква ситуација и со доста недоволно опоравени играчи ќе мора Вардар да игра и да смисли нова стратегија да стигне до победа.

Вардарци се добро познати борци на теренот, па не се исклучива да го дадат својот максимум и со помош на публиката да дојдат до позитивен резултат, кој ќе ги врати во борбата за првите 3 позиции на табелата.

Натпреварот започнува од 17:00 часот, со директен пренос на МРТ.

АКЦИЈА
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет