Денес од 18:00 часот женската ракометна репрезентација на Македонија во СРЦ „Кале“, ќе ја пречека репрезентацијата на Црна Гора во рамките од квалификациите за ЕП 2016 во Шведска. Денешниот натпревар е претпоследниот од овие квалификации, каде во претходните четири натпревари нашите ракометарки забележаа исто толку порази и се без шанса за пласман на ЕП.
На првиот натпревар против Црна Гора на стартот од квалификациите во Бар, бевме поразени со 21-14. Последниот натпревар нашите ракометарки ќе го играат веќе во недела (5 Јуни) во Риека, против репрезентацијата на Хрватска, со што ќе го завршат овој циклус на квалификации.
И покрај тоа што веќе се загубени шансите за пласман на ЕП во Шведска, нашите ракометарки ќе пробаат да им парираат на црногорките и да го покажат својот напредок во играта.
*За денешниот последен натпревар на македонските ракометарки сезонава пред домашната публика во „Кале“, влезот е слободен.