Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Србија во текот на подготовките за време на неделата на ЕХФ. Првиот натпревар ќе биде на 17-ти март во салата во Автокоманда, а вториот ќе се одигра наредниот ден, на 18-ти март во СЦ „Јане Сандански“.
Собирот на репрезентацијата е во понеделник (10 часот) во салата во Автокоманда. Селекторот Симе Симовски за овој собир повика 22 ракометарки кои ќе му бидат на располагање во подготовките пред јунскиот бараж со Шведска за пласман на СП 2017.
Списокот на ракометарки:
- Матеа Серафимова
- Драгана Петковска
- Љупка Белмезова
- Наташа Антиќ
- Теодора Керамичиева
- Дајана Јовановска
- Елена Ливриниќ
- Симона Стојановска
- Габриела Величковска
- Елена Георгиевска
- Ангела Тодоровска
- Маја Трпковска
- Александра Боризовска
- Душица Георгиевска
- Јована Саздовска
- Сара Митова
- Сара Ристевска
- Наташа Нолевска
- Марија Прленда
- Ивана Гакидова
- Сања Дабевска
- Стефанија Мишевска.