Нашите репрезентативки вечерва во Риека, против репрезентацијата на Хрваткса ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за ЕП кое ќе се одржи кон крајот на годинава во Шведска.

Како што добро знаете, уште по првите три натпревари нашите ракометарки ги загубија шансите за пласман на шампионатот. Но, овој натпревар е многу важен за нашите ракометарки, кои постепено го добиваат потребното искуство и што е најбитно, нивната игра оди во нагорна линија од натпревар во натпревар. Тоа го покажаа на последниот натпревар против Црна Гора, каде во 1/3 од мечот беа вистински ривал против фаворизираните црногорки и го имаа резултатот во своја корист.

Нашите ракометарки на првиот натпревар во Скопје, одлично им парираа на далеку поискусните ракометарки од Хрватска во првото полувреме. Но, веќе во вториот дел беа декласирани, за конечен резултат 22:36.

Тоа е веќе минато, вечерва ќе пробаат да им се спротистават и уште еднаш да го покажат својот квалитет. Со што би го завршиле овој циклус на квалификации со добри впечатоци.

Натпреварот ќе се одигра вечерва од 18:00 часот.