Македонската женска репрезентација денеска од 17:00 часот ќе го игра последниот натпревар против репрезентацијата на Исланд, во рамките од квалификациите за бараж натпревар за СП 2017 во Германија.

По вчерашниот убедлив пораз од репрезентацијата на Австрија (19:28), нашата репрезентација ги загуби шансите за пласман на првите две места, кои водеа во баражот. Против Австрија одиграа само едно полувреме, повторно правеа многу технички грешки, што кажува дека далеку сме од елитата во женскиот ракомет и дека има уште многу работа и труд, за да се дојде до тоа место во женскиот ракомет.

Денес против Исланд нашите ракометарки ќе пробаат да го поправат впечатокот и одиграат еден добар натпревар за крај на уште едни неуспешни квалификации.