На денешната ждрепка за баражот за Светското првенство во Германија следната година, македонската женска ракометна репрезентација за противник ја доби репрезентацијата на Шведска.
Домаќин на првиот натпревар ќе биде нашата репрезентација, а реваншот ќе се игра во Шведска.
Сите бараж натпревари за СП во Германија во 2017 година:
- Црна Гора – Белорусија
- Италија – Србија
- Русија – Полска
- Унгарија – Словачка
- Романија – Австрија
- Украина – Шпанија
- Хрватска – Словенија
- Чешка – Турција
- МАКЕДОНИЈА – Шведска
Првите натпревари се играат од 9-ти до 11-ти јуни, а реванш натпреварите од 13-ти до 15-ти јуни.